Рамиза Сакип, советник за образование на Општина Шуто Оризари учествува на првата Roma Leadership Academy која се одржува во период од 04.12.-08.12.2019 година во Варшава, Полска, во организација на OSCE Office for Democratic Institutions and Human Rights.
Академијата е дизајнирана со цел да се зајакне знаењето на учесниците за демокрактските институции и заложбите на ОБСЕ во областа на демократско управување.
Академијата таргетира Роми кои работат на централно, регионално и локално ниво, претставници на ромското граѓанско општество, претставници на јавни функции кои се вклучени во процеси на застапување или се заинтересирани за вклучување во политичко уредување.
Настанот опфаќа низа на обука за комуникациски принципи, комуникациска стратегија, кризна комуникација, принципи на преговарање и останати обуки во насока на градење на капацитетите на учесниците.