Советот на млади на Општина Шуто Оризари учествуваше на панел дискусија за мобилизирање на младински заедници низ различни форми на активизам, во организација на НВО МИР, во Скопје.
На настанот учествуваа млади, претставници од Кабинетот на Министерот без ресор, претставници од општина Шуто Оризари и останати релевантни институции чијашто примарна цел е унапредување на младинското прашање.
Селика Аљиљи, потпретседател на локалниот младински совет во Шуто Оризари, го презентираше составот и тековната работа на советот. Воедно, таа истакна дека општина Шуто Оризари за прв пат донесе одлука за формирање на совет на млади како алатка за младински активизам и младинско учество со цел креирање на критична младинска маса која ќе придонесе кон создавање на активни и инволвирани млади.
На дискусијата беше заклучено дека финансиските средства не треба да се услов за отпочнување на младински активизам. Исто така, младинскиот активизам е начин за инволвирање во процесите за креирање на национални политики и генерални програми од кои се креираат мерки насочени кон ромската етничка категорија. Младите кои се полни со иновативност, треба да бидат креативни во иницирање на процеси и младински политики, гласни околу младинските проблематики, самоиницијативни, проактивни и храбри за активно вклучување во процеси за донесување одлуки.