mk_MK mk_MK

Општина Шуто Оризари и UNDP со финансиска подршка на Кралството Норвешка ќе работат на доградба на втор дел од ЈОУГД ,,8ми Април”

Денеска Градоначалникот Курто Дудуш, Претседателот на Општинскиот Совет – Фатима Османовска, претставник од одделението за урбанизам и животна средина на локалната самоуправа и директорката  на ЈОУГД ,,8-ми Април” Сонѓул Шабан, одржаа координативен состанок со претставници од UNPD во врска со изградбата на вториот дел од градинката
,,8-ми Април”.

На состанокот беше презентиран шематскиот приказ на содржината од идниот објект, односно третата ламела, која располага со неколку пристапи, занимални за деца, канцеларии за администрацијата, службените лица, стручните служби, техничка просторија, менза со чајна кујна, тоалети, паркинг место и останати простории потребни за функционирање на установата.

На средбата беа разгледени прашања поврзани со обезбедување на пријатни услови за градење без попречување на тековните активности во постоечкиот објект, беше дискутирана временската рамка за изградба на новиот дел од објектот и насоки за предмет пресметката.