Општина Шуто Оризари учестува на конференција за пристап до фондови од Европска Унија

Во Скопје се одржа последната работилница од циклусот настани за пристапност до фондови на Европската Унија.

Амбасадорот Самуел Жбогар и Раководителот на секторот за соработка Никола Бертолини во присуство на градоначалниците од скопскиот регион дискутираа за предизвиците на локално ниво, можностите за нивно финансирање од страна на ЕУ и подготовка на проекти.

Во општините една четвртина од вкупно 400 проекти се финански подржани од Европската Унија.

На оваа конференција учествуваат вкупно 60 општини.