Курто Дудуш: Ромскиот јазик е најважниот елемент од ромскиот идентитет, заедно да се заложиме за негова национална и меѓународна афирмација! Bahtalo 5 Noemvri – e Romane Chibjakoro Sumnalutno Dive !

Почитувани сограѓани Роми,

Дозволете во мое лично име да и во име на Општината да Ви го честитам денот на ромскиот јазикот кој денес идентификува над 50.000 Роми во Р.С. Македонија, и околу 12 милиони Роми во Европа.

Ромскиот јазик, традиција, култура, историските околности и културните вредности не прават тоа што сме денес како етничка група – горди на развојот што сме го постигнале досега .

Ромите денеска го градат културниот плурализарам, не само во С. Македонија туку и надвор од неа, а ромскиот јазик го втемелуваме и инкорпорираме во глобалниот јазичниот мозаик на државата.

Ромскиот јазик повеќе не е дискутабилно прашање, туку најважниот елемент од нашиот идентитет кој треба сите заедно да го заштитиме за иднината на идните генерации.

Во Општина Шуто Оризари, ромскиот јазик е воведен како факултативен предмет во основните училишта и во средното училиште Шаип Јусуф со што ја изразуваме нашата подготвеност за континуирано инвестирање во неговиот развој.

Мајчиниот јазик на Ромите (romani chib) се состои од околу 33.000 зборови, 26 гласови, 8 падежи и од 17 меѓусебно разбирливи дијалекти, што според УНЕСКО претставува добра база за модернизација и финална стандардизација.

Општина Шуто Оризари изразува подготвеност за соработка со Министерсвото за култура и со сите останатите надлежни институции за поддршка на нивните напори во издигнување и зацврстување на употребата на ромскиот јазик преку печатење на литература на ромски јазик, воведување на јазикот во медиумите, изучување на ромската историја и култура во учебниците, создавање на ромски стручен кадар и ревизија на содржини од учебниците кои поттикнуваат етноцентризам.

Заедно да придонесеме и да се заложиме за национална и меѓународна афирмација на ромскиот јазик како вредност од витална важност во градење на инклузивно општество со кохезија кое се базира на славење на мултиетничкиот диверзитет.

Општина Шуто Оризари останува целосно посветена кон  негување на етничкиот идентитет за афирмација, промоција и унапредување на ромскиот јазик како најзначајна алка во издигнување на ромскиот идентитет.

Bahtalo 5 Noemvri – e Romane Chibjakoro Sumnalutno Dive !