Јавна презентација и Јавна анкета за градски четврт C08.04

Денеска во просториите на Општина Шуто Оризари се одржа јавна презентација за градски четврт C08.04 на кој присуствуваа заинтересирани граѓани и надлежни институции.

Јавната анкета за градски четврт C08.04 започна од 24.10.2019 (четврток) и ќе трае 10 работни дена заклучно со 06.11.2019 година. Сите заинтересирани граѓани можат да ги достават своите предлози до 06.11.2019 година со пополнување на анкетни листови достапни во Општина Шуто Оризари.

Предлог урбанистичкиот план е изложен во холот на општината, секој работен ден од 08:00-16:00 часот.

Шуто Оризари продолжува да се развива во градска урбана средина и преку носење на детални урбанистички планови го планира и проектира развојот на локалната самоуправа.