European Roma Grassroots Organisations (ERGO) Network во посета на Општина Шуто Оризари

Претставници на ЕRGO (European Roma Grassroots Organisations) Network ја посетија Општина Шуто Оризари и остварија средба со Градоначалникот Курто Дудуш и Претседателот на Советот на Општина Шуто Оризари – Фатима Османовска.

Тие во оваа пригода разговараа за тековни активности, предизвици и проекти во рамки на општината, но специфики кои егзистираат во поглед на ромски идентитет, култура и традиција во една од најголемите ромски општини.

ERGO Network вмрежува речиси 30 организации од различни европски држави кои ја познаваат работната динамика и контекстот на работење на локално ниво. Средбата беше искористена за размена на искуства, идеи и запознавање одблизу со работата на општината и ресурсите со кои истата располага.