mk_MK mk_MK

Работна посета на Совет на млади на Шуто Оризари во Крушево

Локалниот младински совет на Општина Шуто Оризари и Советот на млади на Општина Крушево остварија работна средба кој беше искористена за размена на искуства во рамки на компонентата за градење на капацитетите на младинските совети.

На работната средба беа презентирани активностите на локалниот младински совет од Крушево, нивното учество во процесот на креирање на локална младинска стратегија и нивната заложба за изгласување на истата од страна на Советот на Општината.

Преку работната посета во Крушево Советот на млади на Шуто Оризари се стекна со дополнително искуство и знаење при планирање на идни активности, самоорганизирање и развивање на соработка со клучни институции.

Работната средба беше имплементирана во соработка и со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
На работната средба учествуваа и претставници задолжени за комуникација од Општина Шуто Оризари и Општина Крушево чија што цел е да обезбедат младинско учество во рамки на општината за прашања кои се клучни за младите.