Oбука за застапување и лобирање во рамки на проектот ,,Вклучени и активни млади”

Општина Шуто Оризари во рамки на проектот Вклучени и активни млади и во знак на поддршка на процесот за креирање на локална младинска стратегија учествува на обука за застапување и лобирање, организирана од Младински образовен форум.

На обуката се работеше на анализа на засегнати страни, креирање на пораки и беа разгледани можни механизми за имплементирање на стратегијата на локално ниво.

Општина Шуто Оризари активно учествува и го поддржува процесот на креирање на младинска стратегија и се стреми кон обезбедување на квалитетен финален продукт од овој проект.