Презентација на нова еколошка урбана опрема за собирање отпад

Градоначалникот Курто Дудуш присуствуваше на презентација на нова, еколошки – електрична урбана опрема за собирање на отпад.

Презентацијата беше организирана од Град Скопје, и на истата присуствуваше Петре Шилегов кој ги повика општините да инвестираат во хигиена на улиците и гонење на палителите на дивите депонии. Тој ги повика медиумите и сите останати чинители заедно да придонесат кон креирање на нова и повисока општествена свест бидејќи само со здружени напори на институциите  градот може да биде почист.

Градот Скопје доби 570 контејнери, 950 корпи, 12 машини за вакумско чистење и 10 возила за миење.