Ален Умер го претставува Советот на млади на Шуто Оризари во Полска, Варшава

Ален Умер, претседател на Совет на млади на Општина Шуто Оризари учествува на младинска конференција во Полска, Варшава во организација на Мисијата на ОБСЕ.

Конференцијата беше искористена за размена на искуства во насока на зајакнување на капацитетите на младите Роми и Синти во процесот на заштита на човековите права.

На настанот беа дискутирани клучни актуелни прашања и предизвици со кои се соочуваат ромите, вклучувајќи домување и животни услови, сегрегација, јавен и политички живот.

Паралелно се разговараше за актуелните механизми, политики и програми кои треба да обезбедат со цел адекватно претставување во насока на подобрување на јавниот и политичкиот живот на Ромите, Синтите, вклучително жените и младите.

Мисијата на ОБСЕ во соработка со Општина Шуто Оризари активно ги гради капацитетите на локалниот младински совет со што се даваат напори за зајакнување на младинското учество на локално ниво, особено во процесот на креирање на локални младински политики.