mk_MK mk_MK

Развој и подобрување на квалитетот на социјалните услуги на локално ниво

Во врска со објавениот повик за подобрување и развој на социјалните услуги, Општина Шуто Оризари оствари средба со неколку невладини организации за дефинирање на приоритети и спроведување на заеднички понатамошни активности. На средбата беше присутен Градоначалникот Курто Дудуш и Претседателот на совет на Шуто Оризари Фатима Османовска кои со невладините организации разговараа за случаи од терен кои можат да бидат решени преку овој проект.

Целта на проектот е развој и подобрување на квалитетот на социјалните услуги во локалните заедници, согласно потребите на граѓаните и зголемување на пристапот до социјалните услуги наменети за ранливи групи на граѓани, постари лица, лица со попреченост и други лица.

Грантовите ќе бидат финансирани од Министерството за труд и социјална политика и ќе бидат насочени кон развој на услуги што ќе ги обезбедуваат општините или во соработка со други даватели на услуги. Сретствата од грандот ќе бидат наменети за воспоставување на услугата и финансирање на услугата по корисник по утврдена цена на услигата во наредните 12 месеци.

На општините ќе им биде обезбедена техничка поддршка за проценка на потребите и побарувањата на социјалните услуги на локално ниво.

На средбата беше посочено дека потребно е дефинирање на приоритети на локално ниво за да се добие претстава за поголемата слика на ромите и останатите жители од Општина Шуто Оризари.  Исто така, невладините организации истакнаа дека законските регулативи треба одговараат на потребите на граѓаните, но и граѓаните мора да го научат ,,лавиринтот ” во нашата администрација и да се оспособат за самостојно барање на пристап до нивните права.