Општина Шуто Оризари се подготвува за Денот на Општината

Општина Шуто Оризари се подготвува за одбележување на Денот на Општината.

Настанот ќе се одржи денеска во 19:00 часот, во Мевче Палас во Шуто Оризари.

На настанот се поканети владини претставници, меѓународни мисии, локални медиуми, институции и здруженија на граѓани. Градоначалникот Курто Дудуш ќе додели плакети за придонес во развојот на ромската заедница.