Курто Дудуш: Најгорд градоначалник сум што ќе ја имаме најмодерната, европска, енергетски ефикасна детска градинка

Изградбата на последната фаза на градинката „8ми Април“ во Шуто Оризари е во завршна фаза. На простор од 1200 м2, градинката има сосем нов лик според сите светски стандарди за згрижување на деца од предучилишна возраст. Новиот објект дирекно ќе помогне на повеќе од 200 семејства, претежно од ромска националност, чии што деца од 2 до 5 години се вклучени на предшколскиот систем.

Истовремено, новиот простор подразбира и зголемување на капацитет за згрижување на уште 50 деца што дирекно ќе значи и зголемена инклузија на децата – Роми од претшколска возраст.

Според сите светски стандарди и практики за ваков тип на јавни објекти, просторот е целосно прилагоден за нега и згрижување и на деца со попречености кои ќе имаат можност непречено да ја следат наставата во објектот. Изградбата ги следи и препораките за обезбедување на енергетска ефикасност и лесно одржување на просторот.

,,Навистина ми драго што сме во завршната фаза од изградба на овој објект за детска градинка во Шуто Оризари и што децата добија современ објект во кој може интерактивно да се вклучуваат и сите заеднички да учат и развиваат . Важно е предучилишното образование да започне што порано за добивање на подобар старт во основно образование Шуто Оризари имаше својата градинка, но сите сме сведоци дека таа пред 4 години изгоре. Пред две години започнавме со изградба благодарение на Норвепкара амбасада која што донираше финансиски средства, а UNDP технички го спроведуваат процесот на градба, Мтсп го опремуваше објектот, така со заеднички сили добивме објект кој ги пресретнува барањата на нашите деца. Очекувам градинката со истиот квалитет да продолжи да функционира и да инвестира во децата” – истакна во своето излагање Мила Царовска.

,, Горд сум денес да сведочам на последните подготовки на првиот капитален објект во нашата општина во висина од 1,000,000 долари, во областа детска заштита. После цели 40тина години, кога беше изградена првата детска градинка, која за жал пред неколку години ја изгубивме во пожар. Најгорд градоначалник сум, што токму во Шуто Оризари ќе ја имаме најмодерната, европска, енергетски ефикасна градинка, прва со зелен кров. Нашите најмали заслужуваат достојни услови за престој во предучилишно образование, кој е првиот чекор за од нив да очекуваме понатамошно вложување во образовниот систем со крајна цел – да станат горди, успешни идни градители на нашето општество. За денес да сме сведоци на овој објект од непроценливо значење за нас, мора да упатиме голема благодарност за главните финансиери на проектот – Норвешкото кралство и координацијата на УНДП во Скопје. Нивната помош не е само во изградбата на објект туку и директна помош во градењето на нови идни генерации. Благодарност и до Министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија и до Министерката Царовска, за целосното внатрешно опремување на градинката во висина од 120,000 ЕУР
Децата се наша колективна и индивидуална обврска и со овој капитален објект нашите деца ги згрижување во најмодерни и најсовремени услови со што обезбедуваме услови за развој за секое дете во нашата општина.Општина Шуто Оризари во рамки на оваа политичка гарнитура предводена од премиерот Зоран Заев, продолжува да реализира сет на капитални инвестиции, затоа што зборот е збор. Продолжува понатаму, со нов спортски центар од 1,500 м2, детска паркови на цела територија на општината, атмосферска канализација во должина од 5,1 км, реконструкција и изградба на сите носечки крстосници во општина Шуто Оризари.
Ромите заслужуваат ист животен стандард како и останатите, продолжуваме понатаму, живот за сите во нашата општина и во нашата држава”- изјави Градоначалникот Курто Дудуш.

Финансиските средства за клучните инфраструктурни интервенции во висина од 700.000 долари се целосно обезбедни од Министеството за надворешни работи на Норвешка. Проектот е реализиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во земјата.