УЛИЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ИНДИРА ГАНДИ КРАК 31 ВО ВИЗБЕГОВО

Општина Шуто Оризари во соработка со град Скопје ја започна реконструкцијата на улица Индира Ганди крак 31 во Визбегово.

Улица Индира Ганди крак 31 е една од најдолгите улици со должина од 1 км.

Градоначалникот Петре Шилегов уште по првиот повик за потребата од улична реконструкција активно се ангажирал за отпочнување со градежните работи, иако улицата не е под директна надлежност на градот Скопје.

Целта на овој проект е да се зголеми безбедноста и да се обнови сегашната улична инфраструктура во  Шуто Оризари.