Прием на првачиња во О.У. Браќа Рамиз и Хамид

Денеска учебната година во О.У. Браќа Рамиз и Хамиз почна со прием на првачиња.

На приемот присуствуваше градоначалникот Курто Дудуш, советничката за образование Рамиза Сакип,  директор Алвин Салимовски, заменик директорката Санела Емин и стручната служба на училиштето.

Градоначалникот Курто Дудуш, во своето излагање напомена дека општината е отворена за нудење поддршка при надминување на сите предизвици во текот на образованието. Исто така, локалната самоуправа дава континуирани напори и се стреми кон обезбедување на услови за квалитетно образование како најважна алка при креирање на личности со висока граѓанска свест.

Воедно на приемот беше напомената улогата на образовните медијатори и важноста од нивното искористување за детектирање на недостатоци врзани со образованието на терен. Тие во соработка со родителите и институциите работат на решавање на предизвиците со кои се соочуваат учениците.

Наставниците и стручната служба на училиштето испратија честитки кон учениците и родителите.