Published on: јули 24, 2019 at 12:31 pm
1. Патишта и патни мрежи
Општина Шуто Оризари е добро поврзана со соседните општини на Градот Скопје, како и со самиот автопат преку обиколницата.
Патната мрежа во Општина Шуто Оризари има вкупна должина од 33.0 км, од кои најголемиот дел патиштата ја сочинуваат уличната мрежа во урбанизираните населени места, а мал дел отпаѓаат на патиштата што ги поврзуваат населените места во рамки на општината.
На територија на општината има два моста (надвозници) со вкупна должина од 55,00+23,00=83,00 м.
2. Сообраќај
Во Општината постои организиран градски автобуски транспорт од страната на Јавното Сообраќајно Претпријатие – ЈСП и приватните превозници, и тоа :
-Автобус број 19 од Карпош до Шуто Оризари – приватен и јавен сообраќај
-Автобус број 20 од железничка станица – Транспортен центар до Шуто Оризари-приватен сообраќај
-Автобус број 71 од Транспортен центар, поминува низ еден дел од општината Шуто Оризари, до с.Бањани-јавен сообраќај
-Автобус број 81 од с. Чучек Сандево, преку Шуто Оризари, до Транспортен центар- јавен сообраќај
Оддалеченоста од центарот на општината до меѓуградскиот автобуски и железничкиот сообраќај е 7 км.
3. Водоснабдување
Водоснабдувањето во општината се врши преку градскиот водовод на кој има 4500 приклучоци, додека с. Горно Оризари се снабдува со вода од четири артериски бунари.
4. Канализација и пречистување на отпадни води
Пристап до санитација, односно до канализација на градска фекална канализациона мрежа во урбаниот дел на населбата Шуто Оризари, имаат околу 90 % од населението, а преостанатите 10% од фекалните канализациони води ги исфрлаат дел од септичките јами, а дел истекуваат на јавни површини и ја загадуваат околината.
Потребите на самата општина не се целосно задоволени со постоечкиот капацитет на канализациската мрежа.
5.Телекомуникации
Територијата на Општина Шуто Оризари е целосно покриена од фиксните телефонски оператори, како и сите мобилни оператори. Интернет приклучоците се исто така достапни.
6. Енергетска инфраструктура
Вкупно евидентирани броила за потрошувачка на електрична енергија на територија на општината се 6728, со просечна потрошувачка од 350 kWh на физички лица и 3000 kWh на правни лица.