Валдете Абази : Општина Шуто Оризари ме усмерува да учам нови работи и е одлично место за стекнување на искуство како студент

 

Која си ти ?
-Јас сум Валдете Абази имам 22 години и сум апсолвент на Факултетот за градежништво и архитектура на Универзитетот ,,Мајка Тереза” во Скопје.

Што за тебе претставува да бидеш практикант во Општина Шуто Оризари?
-Практиканството ми помага да научам нови работи, правила и закони поврзани со урбанизам. Оваа функција уште повеќе ме мотивира да се надоградам и да се усовршам во мојата професија.

Кои се твоите главни одговорности и работни задачи како практикант во Општина Шуто Оризари?
-Моите задачи како практикант во Општина Шуто Оризари се помош при изготување на изводи од урбанистички планови, помош при изготвување на уверенија за карактер на земјиште, теренска работа за инспекциски надзор, учење на законските регулативи при легализација на куќи.

Со какви работни способности и вештини очекуваш да се стекнеш како практикант во Општина Шуто Оризари?
-Моите очекувања се да се стекнам со работни вештини при изготвување на изводи, уверенија, вршење на инспекциски надзор, толкување на законски регулативи и воспоставување на комуникација со клиенти.
Како си прифатена од вработената администрација во локалната самоуправа?
Пресоналот на Општина Шуто Оризари ме усмеруваат да учам нови работи, тие се комуникативни и отворени за нови прашања.

Што им препорачуваш на студентите кои сакаат да бидат идни практиканти во Општина Шуто Оризари?
-Јас сум многу задоволна како практикант во Општина Шуто Оризари и континуирано учам многу ново работи. На другите студенти кои студираат Архитектура би им препорачала да дојдат во Општина Шуто Оризари за практична работа бидејќи Одделението за урбанизам е добро место за стекнување на искуство за сите студенти.