mk_MK mk_MK

Сибела Ајдар: Персоналот во Општина Шуто Оризари несебично им помага на практикантите да се вклопат во работната средина

Општина Шуто Оризари во соработка со НВО Ромаверзитас и во рамки на проектот ,, Зголемување на пристапот и учеството на студентите Роми во високо образование и транзиција на пазарот на трудот” овозможува пристап до пракса и работа на конкретни проекти со цел усовршување на работните вештини на студентите роми.

Сибела Ајдар е студентка и практикант во Општина Шуто Оризари.

 Која си ти ?
– Моето име е Сибела Ајдар, имам 23 години и сум апсолвент на  Педагошкиот факултет „Св Климент Охридски“ при УКИМ.
Студирам по програмата за предучилишно воспитание.

Што за тебе претставува да бидеш практикант во Општина Шуто Оризари?
– За мене преставува чест и задоволство да бидам дел од Општина Шуто Оризари бидејќи до сега немав познавања за тоа како функционира локалната самоуправа.

 Кои се твоите главни одговорности и работни задачи како практикант во Општина Шуто Оризари?
– Моите задачи и одговорности како практикант се да помагам во работата на Секторот за Образование што воедно придонесува и за моето усовршување на професионален план.

3. Со какви работни способности и вештини очекуваш да се стекнеш како практикант во Општина Шуто Оризари?
– Очекувам да стекнам вештини и способности што ги нуди локалната самоуправа, со кои во иднина ќе имам искуство и од областа на локално управување.

4. Како си прифатена од вработената администрација во локалната самоуправа?
– Вработената администрација во Општина Шуто Оризари несебично им помага на новите практиканти за се вклопат во формалната и неформалната работа. Тие се комуникативни, посветени и со стремеж за постигнување на работните цели.

5. Што им препорачуваш на студентите кои сакаат да бидат идни практиканти во Општина Шуто Оризари?
– На следните студенти кои саакат да бидат дел од Општината им препорачувам да ги искористат повиците за практиканство и да аплицираат на истите. На Општина Шуто Оризари и е потребен кадар од Ромски студенти кои ќе придонесат во развојот на Општината. Се разбира практиканството е и алатка за лично надоградување.