Брендон Сулејман : Задоволство ми е да бидам практикант во мојата, а воедно и најголемата ромска општина

Општина Шуто Оризари во соработка со НВО Ромаверзитас и во рамки на проектот ,, Зголемување на пристапот и учеството на студентите Роми во високо образование и транзиција на пазарот на трудот” овозможува пристап до пракса и работа на конкретни проекти со цел усовршување на работните вештини на студентите роми.

Брендон Сулејман е студент и практикант во Општина Шуто Оризари.

1. Кој си ти ?
 Јас сум Брендон Сулејман, студирам на Правниот факултет “Јустинијан Први,, во Скопје и сум втора година .

2. Што за тебе претставува да бидеш практикант во Општина Шуто Оризари?
Мене ми претставува особена чест и задоволство да бидам практикант во мојата, а воедно и најголемата Општина во целиот свет.

3. Кои се твоите главни одговорности и работни задачи како практикант во Општина Шуто Оризари?
-Мојата одговорност се состои од навремено извршување на зададените задачи во Сектор за правни работи. Исто така, од мене се бара извршување на дадените барања со прецизност и одговорност.

4. Со какви работни способности и вештини очекуваш да се стекнеш како практикант во Општина Шуто Оризари?
– Како практикант очекувам да се стекнам со нови знаења и вештини поврзани со работењето на локалната самоуправа. Меѓудругото, сакам да се запознам со нејзините надлежности, протоколи, надворешни врски и управувања.

5. Како си прифатен од вработената администрација во локалната самоуправа?
– Вработените во Општина Шуто Оризари се секогаш љубезни, отворени за нови прашања и  тие континуирано ме насочуваат кон учење на нови работи.

6. Што им препорачуваш на студентите кои сакаат да бидат идни практиканти во Општина Шуто Оризари?
-Им препорачувам на студентите да ја користат дадената можност да се биде практикант во Општината Шуто Оризари бидејќи така ќе стекнат ново работно искуство и знаење. Бидете практиканти во Општина Шуто Оризари бидејќи можеби токму вие ќе бидете дел од вработениот персонал во иднина кој  ќе придонесува за развојот на ромската заедница.