Хатаб, Нури, Амар и Арбин од Општина Шуто Оризари постигнаа голем успех во карате турнир од светкиот куп (World Martian Arts Federation)

Хатаб Дардхишта , Нури Цури, Амар Палоши и Арбин Буки од Општина Шуто Оризари донесоа неколку  медали на овогодинешниот турнир од светкиот куп одржан од 15-16 јуни, 2019 година во Модрич, Босна и Херцеговина, организиран од страна на World Martian Arts Federation.

 

Хатаб Дардхишта освои 1 место во екипно кумите од 13-14 годинишни, индивидуално 2 место во кумите и 3 место во екипно ката до 14 години.

Нури Цури освои 1 екипно место во ката, 2 место екипно во кумите (борба).

Додека Амар Палоши и Арбин Буки освоиле вкупно 3 втори места и едно 3 место, односно Амар Палоши освои 2 место во индивидуална борба, а 3 место во екипна борба и Арбин Буки освои 2 место во ката и 2 место во екипно кумите.

Карате клубот ,,Елди Кан” – Чаир во кој членуваат Хатаб, Хури, Амар и Арбин на овој светски куп учествуваше со вкупно 16 натпреварувачи и донесе 8 индивидуални медали во кати и кумите (борба), 5 екипни медали во ката и кумите.

Денеска претставниците од ,,Елди Кан” – Чаир остварија средба со Градоначалникот на Општина Шуто Оризари Курто Дудуш, каде што ги споделија своите импресии и искуства. Градоначалникот Курто Дудуш ги испрати своите честитки за достоинственото претставување и постигнатиот резултат.

На светскиот карате куп во Мордич, Босна и Херцеговина учествуваа вкупно 800 натпреварувачи од повеќе земји.

Карате Клубот Елди Кан ја изрази својата благодарност до тренерот Селим Данарица за посветеноста и постигнатиот успех.