Доделување на свидетелства во О.У. Браќа Рамиз и Хамид

Денеска се одржа доделување на свидетелства во О.У. Браќа Рамиз и Хамид.

Дел од нив успешно ја заокружуваат оваа учебна година до почетокот на следната, а дел се подготвуваат за претстојните уписи во средните училишта.

Наставниците до учениците пратија порака за пријатен распуст со честитки за постигнатиот успех.

Оваа година се поделени околу 2000 свидетелства, согласно бројот на ученици во ова училиште кои доминантно припаѓаат на ромската етничка заедница.