ОБСЕ ја имплементира првата обука за Советот на млади на Општина Шуто Оризари

 

Мисијата на ОБСЕ во период од 25.06.2019-27.06.2019 ја спроведe првата обука наменета за Советот на млади на Општина Шуто Оризари.

На обуката беа разработени неколку теми во интерес на младинските совети вклучувајќи комуникациски вештини, решавање на конфликти и тимска работа.

 

Воедно членовите на младинските совети се здобија со знаење за планирање на чекори за можно разрешување на конфликти, видови конфликти и нивна локализација, моќ и лидерство во процесот на младинско учество.

Примарната улога на обуката е локалните совети да ја дефинираат својата улога во заедницата.