mk_MK mk_MK

ЗАВРШИ ПРОЕКТОТ ЗА МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО ВО ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ

Општината Шуто Оризари како подржувач на двете основни училиштата О.У.,,Браќа Рамиз-Хамид“ и О.У. ,,26 Јули„ во почетокот на Мај 2019 година започна со реализирање на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието насловен „Природата е една за сите нас“ подржан од Програмата за унапредување на мултикултурализмот и меѓуетничка интеграција и толеранција при Министерството за Образование и Наука – ПМИО.

Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието беше наменет за спроведување на заеднички ученички активности во основните училишта кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата.

Во имплементација на целиот проект беа вклучени 36 наставници од двете основни училишта и тоа 18 наставници од О.У. „ Браќа Рамиз-Хамид“ од македонската наставна програма и 18 наставници О.У. „26 Јули“ од албанската наставна програма.
Работилниците се одржуваа на три јазици и тоа на македонски, албански и ромски јазик се со цел учениците да научат нови зборови на јазикот на другарчињата.

Проектот се состоеше од вкупно организирани 36 мултиетнички работилници и тоа на ниво на училиште беа одржани 18 мултиетнички работилници во О.У. „Браќа Рамиз-Хамид“ и 18 мултиетнички работилници во О.У.„26 Јули“, со вкупно 1.800 ученици во мешовит состав од ромска и албанска етничка припадност од првите до деветите одделенија. Исто така, беа вклучени и родители од различни етникуми се со цел да помагаат на учениците во текот на реализација на работилниците.

Од првите до третите одделенија беа организирани вкупно 12 мултиетнички работилници на тема „Чисти раце – здраво детство“. Овие работилници придонеле учениците да ја сфатат важноста и значењето од одржување на хигиена, да се стекнат со здрави навики за хигиена, да ги споделат своите искуства и да ги споредат со хигиенските навики на различните етникуми, да научат да ги применуваат позитивните искуства се со цел подигање на свеста за одржување на личната хигиена и хигиената во околината.

Од четвртите до шестите одделенија беа организирани вкупно 12 мултиетнички работилници на тема „Правилно селектирање на отпад“. Овие работилници придонеле учениците да се стекнат со знаења за важноста од селектирање на отпадот, сплотување, другарување учење на зборови и поздрави на различни јазици од различни етникуми, запознавање и дружење меѓу родителите, разменување идеи, решавање на заеднички проблеми и надминување на предрасудите. Како финален резултат од проектот учениците изработиле корпи од пластични шишиња за селектирање на отпад кои ќе се користат во училиштата.

Од седмите до деветите одделенија беа организирани вкупно 12 мултиетнички работилници на тема „ Хортикултура„. Овие работилници придонеле да се подигне свеста кај учениците, да научат што е хортикултурно уредување како да го одржуваат зеленилото во дворовите на училиштата и блиската околина и грижа за истата, одржување на беспрекорна хигиена преку заедничко делување се со цел „заедно“, да се дружат на отворено и да се забавуваат.
Како финален резултат од работилниците учениците од двете училишта направиле садење на садници во училишните дворови на двете училишта.

Општина Шуто Оризари заедно со двете училиштата О.У. ,Браќа Рамиз-Хамид“ и О.У.,,26 Јули„ ќе се стреми и во иднина да реализира проекти за меѓуетничка интеграција бидејќи ваквите проекти имаат позитивни ефекти во надминување на предрасудите и стереотипите меѓу децата од различни етнички групи бидејќи со овој проект децата се запознаа и научија како да се дружат, да соработуваат и си помагаат еден на друг, научија нови зборови на јазикот на другарчињата, исто така сфатија дека хигиената е нивна лична одговорност и се насочија и поттикнаа кон негување на позитивни хигиенски навики, заеднички и еднакви за сите деца, без разлика на која група припаѓаат.

Исто така се постигна поголема соработка и надополнување од страна на наставниците, како и вклучување на родителите, нивно запознавање и лично ангажирање во рамки на постигнување на заедничките цели.