БОРДОТ НА РОМСКИОТ ОБРАЗОВЕН ФОНД ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ

Денеска Директорот на Бордот на Ромскиот Образовен Фонд г-ин Андреј Мирга и Националниот координатор на Ромскиот Образовен Фонд во Р. Северна Македонија Ајсел Амет остварија средба со Градоначалникот на Општина Шуто Оризари – Курто Дудуш.

На средбата присуствуваше и Претседателот на Општинскиот Совет Фатима Османовска, Раководителот на одделението за локален економски развој Срџан Амет и Советничката за образование Рамиза Сакип  кои ги изнесоа потребите на заедницата и важните сегменти за развој кои се во фокусот на локалната самоуправа.

На средбата беше разговарано за актуелната политичка состојба, положбата на Ромите, можностите за искористување на фондови со цел изготвување на проекти и програми кои ќе помогнат за поефективно  решавање на предизвиците на Ромите како и за важноста од преговарање и застапување за ромското прашање пред Европски инситуции.

Ромскиот Образовен Фонд, во насока на подобрување на квалитетот на образованието во Шуто Оризари предложи иницијатива за размена на искуства со странски наставници, професори и педагози.