Проект за меѓуетничка интеграција: Садење на садници во двете основни училишта во Општина Шуто Оризари

Учениците од седмите и осмите одделенија на О.У. Браќа Рамиз и Хамид и О.У. ,,26 Јули” во рамки на Проектот за меѓуетничка интеграција ја завршија последната активност – Садење на садници во училишниот двор на О.У. ,, 26 Јули”.

Овие активности даваат придонес за меѓусебно запознавање меѓу учениците од двете училишта, развивање на еколошката свест и разбирање на поимот за здрава и чиста средина.

Преку овој проект и преку спроведените активности се очекува учениците да се запознаат, да споделуваат искуства и да соработуваат.