Општина Шуто Оризари во соработка со ОБСЕ и СВР Скопје учествуваат на обука за спречување на криминалот

Денеска претставници од Општина Шуто Оризари учествуваат на обука за спречување на криминалот преку ангажирање на полицијата и локалната самоуправа, во организација на мисијата на ОБСЕ и СВР Скопје.

На обуката земаат учество и неколку невладини организации меѓу кои НВО ИРИЗ и НВО Здружение на правници Роми.

Учесниците на обуката и организаторите даваат напори за изнаоѓање на механизми за поефективно ориентирање на полициското работење кон општеството преку градење на партнерства.

Тие даваат активен придонес кон креирање на модел за решавање на проблемите преку поставување на триаголник за анализа со цел изнаоѓање на решенија и создавање на безбедна и сигурна средина.

Учесниците ќе ја заокружат обуката со развивање и презентација на конкретен акционен план за справување со девијантни и криминогени појави во рамки на локалната самоуправа.

Обуката беше спроведена од страна на меѓународен експерт.

Општина Шуто Оризари континуирано работи за градење на мирот меѓу граѓаните, преку доближување на полицијата до заедницата за враќање на довербата кон институциите.