Проект за Меѓуетничка интеграција : Работилница за изработка на „Плакати за понатамошна грижа“

Во рамки на Проект за Меѓуетничка интеграција, деветите одделенија од двете училишта одржаа две работилници во О.У. Браќа Рамиз и Хамид и во О.У. 26 Јули.

Целите на работилницата беа меѓусебно запознавање, стекнување на знаење за поимот холтикултура и знаење за важноста од одржување на личната хигиена, развивање на еколошката свест и разбирање на поимот за здрава и чиста средина, воспоставување на интерперсонална комуникација со припадници на различни етникуми, намалување на предрасудите и почитување на различностите.

Преку овој проект и преку спроведените активности се очекува учениците да се запознаат со сите направени активности спроведени на предходните работилници, изработка на плакати на кои ќе бидат прикажани активностите, споделување на искуства и знаења во процесот на изработка на плакатите, соработка и меѓусебно почитување.