Склучен Меморандум за соработка меѓу Општина Шуто Оризари и НВО Ромаверзитас

Општина Шуто Оризари потпиша меморандум за соработка со Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ во рамките на проектот „Зголемување на пристапот и учеството на студенти Роми во високото образование и транзиција на пaзарот на труд“, финансиран од Европска Унија.

Општина Шуто Оризари има за цел да даде активен придонес кон практикантската работа, како активност од интерес за средношколците за стекнување на практични знаења и вештини , која придонесува за подобрување на квалитетот на животот со активно вклучување на младите во општествениот живот и непречена транзиција на пазарот на труд во Република Северна Македонија.

Со потпишувањето на овој меморандум, страните потписнички ќе соработуваат во спроведувањето на практикантска работа, со тоа што Ромаверзитас Македонија е партнерска организација на Ромскиот едукативен фонд во Будимпешта (РЕФ) и како таква е назначена за учество во регионалниот проект ,,Зголемени можности за образование на студенти Роми и млади Роми во Западен Балкан и Турција”.

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“, како организатор на практикантската работа ќе обезбеди  услови на практикантот за извршување на практикантската работа и ќе му надомести трошоци за практиканство на практикантот.

Општина Шуто Оризари за потребите на реализација на практикантската работа ќе обезбеди просторни и технички услови на практикантот за извршување на практиканската работа, ќе назначи контакт лице со кое ќе комуницира организаторот на практикантската работа  и ќе доставува извештаи за работата и постигнатиот прогрес на практикантот.