mk_MK mk_MK

Ромски Младински Центар од Куманово во посета на Општина Шуто Оризари

Ромскиот Младински Центар од Куманово во рамки на младинска размена, со претставници од Европа и регионот, беше пречекан од страна на Градоначалниот Курто Дудуш,  Претседателот на Општинскиот Совет Фатима Османовска и дел од вработената администрацијата во Општина Шуто Оризари.

Градоначалникот Курто Дудуш ја презентираше работата на општината, тековните и идните проектите како и  стратешките цели на локалната самоуправа.

Претседателот на Општинскиот Совет, Фатима Османовска ја истакна важноста на Советот при донесувањето на ефективни одлуки и програми во функција на граѓаните.

Раководителот на Одделението за локален економски развој Срџан Амет зборуваше за надлежностите, целта, концептот и механизмите преку кои овој сектор настојувава да се намали степенот на невработеноста и да се подобри квалитетот на животот.

Советничката за образование Рамиза Сакип ја потенцираше важноста на образованието, училишните проекти преку кои се зајакнува личниот развој и интеракцијата меѓу  учениците, училишта на територија на Општина Шуто Оризари и број на ученици.

Ромскиот Младински Центар од Куманово имаше можност одблизу да се запознае до структурата на локалната самоуправа, вреднотите и политиките за кои се залага.