Општина Шуто Оризари и СОС Детско Село : Социо-рекреативна активност во О.У. 26 Jули

Општината Шуто Оризари заедно со НВО „СОС ДЕТСКО СЕЛО “, организираа и спроведуваа социо-рекреативен настан во O.У. ,,26 Јули”,  со 14 специјализирани кловнови,  од страна на НВО Out of area од Холандија.

Настанот се реализираше во училишниот двор од ООУ„26 Јули“ на 23 Мај 2019 год. од 11.00 до 12.00 часот.

На настанот беа опфатени 350 деца од првите до четврите одделенија од роми  и ученици од албанска настава од ООУ „26 Јули“ како и деца од предшколска возраст од ЈОУГД „8 Април“.

Oпштина Шуто Оризари ги поддржува социо-рекреативните активности како неопходен елемент во процесот на личниот развој на децата, освежување на психо-моторните способности неопходно за учење.