Проект за прекугранична (Cross-border) соработка : Делегација од Косово во посета на Општина Шуто Оризари

Делегација од Косово ја посети Општина Шуто Оризари по повод склучување на соработка за прекугранична cross-border соработка.

Градоначалникот Курто Дудуш ја искажа својата благодарност за нивната отвореност и желба за соработка на идниот проектот чија што имплементација се планира на две територии, односно во Општина Шуто Оризари и Косово.

Средбата беше искористена за размена на инфрмации и искуства во врска можните начини за селектирање на отпад со цел обезбедување на почиста животна средина.

Исто така, беше разговарана за идниот проект кој предвидува зајакнување на постоечките капацитети во двете општини за поефективно справување со отпадот.

Делегацијата на Косово истакна дека сеуште постои потреба од организирање и имплементирање на кампањи за подигнување на еколошката свест и култура со цел правилно депонирање.