Проект за меѓуетничка интеграција: Прва работилница на тема : ,,Лична хигиена” со ученици од второ одделение

Предходната недела на 8-ми мај (среда), во рамки на проектот за Меѓукултурна интеграција се одржа првата  работилница за лична хигиена со ученици од второ одделение во двете основни училишта во Општина Шуто Оризари.

Цели на оваа проектна активност се : меѓусебно запознавање, играње и работење во група, учење на нови зборови на македонски–албански – ромски, стекнување на знаење во врска со поимот лична хигиена, самостојно одржување на лична хигиена – миење на раце, лице и заби, стекнување на знаење за средствата за одржување на лична хигиена, согледување на важноста од одржување на личната хигиена т.е. да разбере дека „Чистотата е половина здравје“ и правилно користење на сретствата за лична хигиена.

За време на оваа проектна активност учество земаа 50 ученици, 10 родители и 5 одговорни наставници кои учествуваат во овој проект. Активностите започнаа со играта за запознавање, разговор за личната хигиена преку презентација и заврши со активноста со наставниот лист.

Сите учесници работеа интегрирано, балансирано и со иста цел–заедничка иднина, во пријатна атмосфера и соработка помеѓу сите учесници.

Со цел да се обезбеди активно граѓанско учество на учениците на училишно ниво и на ниво на заедницата се спроведуваа активности за градење на капацитетите насочени кон образовните институции и наставниците.

Главна цел е да се сплотат учениците од двете основни училишта во општина „ Шуто Оризари “, кои во мешани групи (од било каков аспект: полов, етнички, социјален…) ќе соработуваат и ќе се подготвуваат за активностите во работилниците со цел започнување на процесот на развој на стратегии за политики фокусирани на унапредувањето на меѓуетничката интеграција на учениците и младите воопшто на локално ниво.