Се одржа работилница ,,Мојата хигиена – моја одговорност” во двете основни училишта во Шуто Оризари

Во рамки на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието во двете основни училишта во Општина Шуто Оризари, односно во О. У. ,, Браќа Рамиз и Хамид” и О.У. ,,26 Јули”, беше спроведена работилница “Мојата хигиена – моја одговорност”. 

Целите на оваа проектна активност е да се развие свеста за неопходноста од одржување на лична хигиена, да се поттикне редовно практикување на хигиенските навики, да се стекне знаење за правилно одржување на  сопственото здравје, а со тоа и здравјето во сопственото опкружување.

Исто така, преку оваа работилница учениците имаа можност да ја согледат личната одговорност за одржување на лична хигиена,  да соработуваат, да се запознаат и да развиваат другарство иако учат во различни училишта.

Водени од мотото “хигиената е половина здравје”, кај учениците преку овој проект веќе почнува да се развива свеста дека одржувањето на личната хигиена како и формирањето позитивни хигиенски навики од најмала возраст значат превенција од многу болести.

Токму овој тип на работилница води кон целта која сплотува во хармонични односи кои се темелат на разликите, градејќи едно цврсто и здраво мултиетничко општество.

Наставниците од двете училишта ја водеа активноста говорејќи на својот мајчин јазик.

Преку активностите кои ги спроведоа наставниците, преку игрите и одговарањето на прашањата од страна на учениците и родителите беше постигната целта на работилницата.