Градоначалникот на Нирнберг подари чек од 1,000 ЕУР за детската градинка ,, 8-ми Април”

Градоначалникот на Нирнберг, Ulrich Maly, со својата делегација беа гости во детската градинка ,, 8- ми Април” во Општина Шуто Оризари.

Тие, уште еднаш го потврдија своето пријателство и подадена рака на градинката, но и на локалната самоуправа.

Градоначалникот Ulrich Maly врачи чек од 1,000 ЕУР за набавка на надгледни средства, но вети и развивање на поинтензивна соработката во интерес на обезбедување на подобри услови за децата.

Градоначалникот на Нирнберг г-ин Ulrich Maly во придружба на Градоначалникот Курто Дудуш ја разгледа населбата, ја посети новоизградената градинка и се заложи за негување на пријателството кое во иднина ќе значи спроведување на заеднички иницијативи.

 

The Mayor of Nuremberg Mr. Ulrich Maly, with his delegation were guests in the kindergarten ,,8th of April” in the Municipality of Suto Orizari.

They once again reaffirmed their friendship and interest to support the kindergarten of Suto Orizari and the local self-government by awarding a check of 1,000 EUR for supervisory assets in the kindergarten.

The mayor offered his collaboration in direction of developing future and more intensive co-operation in order to provide better conditions for Roma children.

The Mayor of Nuremberg U. Maly, accompanied by the Mayor Kurto Dudush, had the opportunity to visit the settlement and to visit the new building of the kindergarten.

Both mayors pledged to a new friendship that should mean development of future common initiatives and implementation of future activities.