mk_MK mk_MK

О.У. 26 Јули: Известување за упис на деца во прво одделение во учебната 2019/2020

Се известуваат граѓаните кои живеат на територија на Општина Шуто Оризари дека во тек е упис на деца во прво одделение во двете основни училишта во Општина Шуто Оризари – О.У. Браќа Рамиз и Хамид и О.У. 26 Јули.

Уписот во О.У. 26 Јули е започнат од 02.05.2019, а во О.У. ,, Браќа Рамиз и Хамид ” уписот е од 01.05.2019 и ќе трае до 31.05.2019.

Врз основа на член 46 од Законот за основно образование:

(1) Децата во прво одделение во основното училиште се запишуваат во месец мај за следната учебна година.
(2) При запишувањето на детето во прво одделение родителот е должен да достави потврда за примените задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа.
(3) Основното училиште е должно да ги опфати учениците од својот реон.
(4) Основното училиште може да запише ученици од друг реон или од друга општина само доколку има слободни места за запишување.
(5) Основачот го утврдува реонот на основните училишта од кои се запишуваат учениците.

Член 47
(1) Во прво одделение на основното училиште родителот е должен да го запише детето кое до крајот на календарската година ќе наполни шест години.
(2) По исклучок од ставот (1) на овој член, детето може да се запише во прво одделение, доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по претходно барање од родителот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.
(3) Запишувањето на детето, на барање на родителот, здравствената установа може да го одложи за една година ако се утврди дека детето не е подготвено да оди на училиште.