mk_MK mk_MK

ИЗВЕСТУВАЊЕ за упис на ученици во прво одделение во 2019/2020 учебна година

 

Се известуваат граѓаните на Општина Шуто Оризари, дека е во тек уписот на првачиња во основните училишта на територија на Општина Шуто Оризари, О.У. Браќа Рамиз и Хамид и О.У. 26 Јули.

Врз основа на член 46 од Закон за основно образование:

Член 46

(1) Децата во прво одделение во основното училиште се запишуваат во месец мај за следната учебна година.
(2) При запишувањето на детето во прво одделение родителот е должен да достави потврда за примените задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа.
(3) Основното училиште е должно да ги опфати учениците од својот реон.
(4) Основното училиште може да запише ученици од друг реон или од друга општина само доколку има слободни места за запишување.
(5) Основачот го утврдува реонот на основните училишта од кои се запишуваат учениците.

Член 47
(1) Во прво одделение на основното училиште родителот е должен да го запише детето кое до крајот на календарската година ќе наполни шест години.
(2) По исклучок од ставот (1) на овој член, детето може да се запише во прво одделение, доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по претходно барање од родителот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.
(3) Запишувањето на детето, на барање на родителот, здравствената установа може да го одложи за една година ако се утврди дека детето не е подготвено да оди на училиште.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ:

  1. Фотокопија од извод на матична книга на родените (за идентификација на ученикот)
  2. Медицинска потврда за редовна вакцинација
  3. Потврда за реализиран стоматолошки преглед
  4. Фотокопии од личните карти на родителите

 

За подетални информации, на следниве линкови:

  • За упис во О.У. ,, 26 Јули”:

Соопштение: https://sutoorizari.gov.mk/2019/05/03/о-у-26-јули-известување-за-упис-на-деца-во

Брошура: https://sutoorizari.gov.mk/2019/05/03/брошура-за-упис-во-прво-одделение/

  • За упис во О.У. ,,Браќа Рамиз и Хамид”:

Соопштение: https://sutoorizari.gov.mk/2019/05/03/о-у-браќа-рамиз-и-хамид-известување-за/