Меморандум за соработка со ЕУРОХУМАН ИНТЕРНАЦИОНАЛ: ,,НУЛА ГЛАД ВО ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ”

Денеска Општина Шуто Оризари склучи Меморандум за соработка со Организацијата за поддршка и помош на социјално загрозени и сиромашни граѓани ЕУРОХУМАН ИНТЕРНАЦИОНАЛ во рамки на реализацијата на проектот ,,НУЛА ГЛАД ВО ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ”, имплементиран од страна на ЕУРОХУМАН ИНТЕРНАЦИОНАЛ- Скопје и ,,Храна за сите – Банка за храна Македонија-Скопје”, со финансиска поддршка на Општина Шуто Оризари .

Општина Шуто Оризари ќе обезбеди списоци на фамилии кои ќе бидат корисници на помошта, магацински простор за храна и прехранбени производи и одговорно лице за локалните акции поврзани со склучениот меморандум.

Исто така, локалната самоуправа ќе го промовира концептот на банкарство со храна и ќе се вклучи во подготовка и пакување на социјални пакети.

 

Today the Municipality of Shuto Orizari has signed a Memorandum of Cooperation with the Organization for Support and Assistance to Socially Endangered and Poor Citizens, EUROHUMAN INTERNATIONAL, within the framework of the realization of the project “NULA GLAD IN MUNICIPALITY SUTO ORIZARI”, implemented by EUROHUMAN INTERNATIONAL Skopje and ” Food for All – Food Bank Macedonia-Skopje “, with financial support from the Municipality of Shuto Orizari.

The Municipality of Shuto Orizari will provide lists of families who will be beneficiaries of the assistance, storage space for food and food products and a responsible person for the local actions related to the concluded memorandum.

Also, the local government will promote the concept of food banking and will be involved in the preparation and packaging of social packages.