Известување за потврда на годишна даночна пријава (ГДП)

Се известуваат граѓаните дека е потребно да ја потврдат својата годишна даночна пријава (ГДП) за 2018 година.

Истовремено, ги известуваме граѓаните дека во вторник, на ден 30.04.2019 година, Општина Шуто Оризари, ќе достави информација кога и во колку часот ќе отпочне со работа Општинскиот пулт кој бесплатно на граѓаните на Општина Шуто Оризари ќе им даде услуга за потврда на годишна даночна пријава –  ГДП.

 

За подетални информации : http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/696