Roma Initiatives Office во посета на Општина Шуто Оризари

Денеска Градоначалникот Курто Дудуш оствари средба со директорот на Roma Initiatives Office г-ин Жељко Јовановиќ.

На средбата беа дискутирани можностите за поддршка на општина Шуто Оризари, во насока на подобрување и унапредување на економскиот развој.

Исто така, беа дискутирани потребите од унапредување на младинскиот активизам, инклузивноста на младите роми во процесот на развивање на ромската заедница.

На средбата присуствуваше и НВО Ромалитико кои побараа поддршка во врска со иницијативата ,,Avaja” (,,Доаѓаме”), за мобилизирање ромските гласачи во 14 општини со цел поефективно заштитување и застапување на ромскиот интерес.

Општина Шуто Оризари, ја изрази својата поддршка во имплементацијата на оваа иницијатива.

 

Today, Mayor Kurto Dudush had a meeting with the Director of the Roma Initiatives Office, Mr. Zeljko Jovanovic.

At the meeting, the were discussed the possibilities for municipal support in the direction of improving the economic development.

The needs of raising the Roma youth activism, the inclusion of young Roma in the process of development the Roma community were also topics at the meeting.

The meeting was attended by representatives of the NGO Romalitico who presented the campaign “Avaja” (“We come”), which aims to mobilize the Roma community in 14 municipalities in order to protect the Roma interest during the following political campaign.

The Municipality of Shuto Orizari, expressed its support in the implementation of the initiative ,,Avaja”.