Финална конференција: Социјална инклузија и економско зајакнување на млади

Денеска градоначалникот Курто Дудуш присуствуваше на финалната конференција на проектот ,, Социјална инклузија и економско зајакнување на млади”, поддржан од Германското министерство за економска соработка и развој и Фондацијата Херман.

На настанот беа презентирани позитивни практики и механизми кои можат да бидат аплицирани во Општина Шуто Оризари за креирање на млади претприемачи Роми.

Во рамки на секторот за локален економски развој Општина Шуто Оризари планира спроведување на модели со кои ќе се стимулира претприемништвото на младите Роми со цел намалување на невработеноста и подобрување на економскиот стандард преку отпочнување на бизнис и самовработување.

Г-ѓа Јулијана Гапо– Национален директор на СОС Детско село Македонија во оваа прилика акцентираше:

„Правото на инклузија и на вработување е ставено високо на глобалната агенда за развој на Обединетите Нации и се проткајува низ повеќето Цели за одржлив развој. Бидејќи растот и просперитетот на земјите се заснова врз најголемото богатство: младите. Затоа и прв приоритет е да се создаде место каде што младите луѓе можат да напредуваат и да го постигнат својот потенцијал; место на позитивни и еднакви можности за сите.
Токму ова беше и главниот поттик СОС Детско село Македонија да ги прошири своите превентивни програми за поддршка на млади и на млади родители во социјален ризик и да преземе акција во областа на социјалната инклузија и на подобрувањето на социо-економската состојба на младите.“

Многу важен сегмент во зајакнувањето на младите лица, корисници на проектот, е и психосоцијалната поддршка. Целта е јакнење на самодовербата, на создавање позитивна слика за себе и на зголемување на мотивацијата за активно вклучување на пазарот на труд. Проектните активности овозможија и поттикнување младинско волонтирање, проактивност, граѓанско учество, вмрежување и врсничка поддршка, како клучни за заземање активен став кон сопствениот живот и кон иднината. (извор: СОС Детско Село, Македонија)

 

Today, Mayor Kurto Dudush attended the final conference of the project “Social Inclusion and Economic Strengthening of Youth”, supported by the German Ministry of Economic Cooperation and Development and the Herman Foundation.

At the event were presented positive practices and mechanisms that can be applied in the Municipality of Suto Orizari to stimulate the entrepreneurship among the young Roma.

Within the sector for local economic development in the Municipality of Suto Orizari, it is planned to implement models that will stimulate the entrepreneurship among young Roma in order to reduce unemployment and improve the economic standard by starting business and self-employment.

Ms. Juliana Gapo – National Director of SOS Children’s Village Macedonia on this occasion emphasized:

“The right to inclusion and employment has been high on the United Nations Global Development Agenda and flows through most of the Goals for Sustainable Development. Because the growth and prosperity of countries is based on the greatest wealth: the young. That is why the first priority is to create a place where young people can progress and achieve their potential; a place of positive and equal opportunities for all.
This was the main incentive for SOS Children’s Village Macedonia to expand its preventive programs to support young and young parents in social risk and take action in the field of social inclusion and the improvement of the socio-economic situation of the youth. ”

A very important segment in strengthening the young people, beneficiaries of the project, is the psychosocial support. The goal is to strengthen the confidence, create a positive image for itself and increase the motivation for active inclusion in the labor market. Project activities have also enabled youth volunteering, pro-activism, civic participation, networking and peer support as crucial for taking an active attitude towards one’s own life and the future. (source of information: SOS Children’s Village, Macedonia).