Нова индустриска зона во Шуто Оризари

Денеска во Општина Шуто Оризари се одржа консултативна средба со граѓани за пренамена на земјоделски земјишта во нова трговско-индустриска зона.

Според последно направените анализи, во околината на Општина Шуто Оризари има околу 37 илјади невработени граѓани, меѓу кои и голем број на млади.

Со предвидената индустриска зона, која ќе биде слична со зоната локализирана во Визбегово ќе се намали невработеноста, ќе се превенира ширењето на депонијата, ќе се развие регионот и истиот ќе се стане поатрактивен за нови инвеститори и економски развој.

Целта на одржаната средба беше да се слушне мислењето и сугестиите на граѓаните-сопственици на земјиштата за кои се предвидува да бидат пренаменети и да се оформи соодветна цена за откупување на земјиштата.

Станува збор за лесна индустриска зона, која нема да ја загадува животната средина.

Истата ќе биде ставена во предлог детален урбанистички план кој ќе се дефинира во согласност со граѓаните.