Покана за одбележување на 8ми Април, Меѓународен ден на Ромите

Почитувани,

Со големо задоволство Ве покануваме заедно да ја проследиме културно-уметничката манифестација која општина Шуто Оризари ја организира по повод Меѓународниот ден на Ромите, 8ми април.

Централниот настан ќе се оддржи на 7ми април, со почеток од 19:00 часот, на плоштадот во општина Шуто Оризари.

Во очекување на Вашето присуство со цел заедничко чествување на овој убав ден за нашата заедница.