mk_MK mk_MK

Градоначалникот Курто Дудуш се сретна со амбасадорката на Швајцарија Сибил Сутер Тејада

Градоначалникот Курто Дудуш се сретна со Амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, Сибил Сутер Тејада.

Градоначалникот К. Дудуш на средбата, ја информираше амбасадорката за отвореноста на општината во процесот на градење на соработка со меѓународните чинители, потребата од интензивирање на соработката меѓу локалната самоуправа и меѓународната заедница, отвореноста за воспоставување на соработка со невладините организации, младите и граѓаните.

Градоначалникот К. Дудуш напомена дека Општина Шуто Оризари, активно работи во делот на подобрување на локалната инфраструктурата, преку континуирана изработка и реализација на градежни проекти. Во изминатиот период посебно внимание се посвети на зајакнување на  капацитетите во администрацијата, исто така за прв пат, се работи на подобрување на локалниот економски развој, образованието и на комуникацијата со јавноста.

Швајцарската амбасадорка С. С. Тејада испрати честитки до Градоначалникот за досегашната работа и напорите за подобрување на актуелната состојба. С. С. Тејада напомена дека Швајцарската амбасада ги поддржува процесите на социјална инклузијата и помага во креирање на подобри услови за развој на децата.

По остварената средба, амбасадорката го посети објектот каде што се спроведува проектот за изградбата на новата детска градинка во Шуто Оризари.

На средбата заеднички било констатирано дека постои потреба од интензивирање на инвестицискиот циклус во општина Шуто Оризари, континуирана соработка и двонасочна комуникација со меѓународната заедница во насока на отварање на перспективите за подобар локален економски напредок и унапредување на односите.

 

 

 

Mayor Kurto Dudush met with the Swiss Ambassador in the Republic of North Macedonia, Sibyl Suter Tejada in the Municipality of Suto Orizari.

Mayor K. Dudush has informed the ambassador about the municipality’s openness in the process of building cooperation with international stakeholders, the need to build more intensive cooperation between the local self-government and the international community, the openness for establishing cooperation with non-governmental organizations, Roma youth and citizens.

Mayor K. Dudush has emphasized that the Municipality of Shuto Orizari is actively working in the area of ​​improvement of the local infrastructure, through continuous realization of construction projects. In the past period, special attention has been given to strengthening the capacities in administration, for the first time, the local self-government works to improve the local economic development, education and communication with the public.

The Swiss ambassador S. S. Tejada has congratulated the Mayor for his work so far and the efforts to improve the current situation. S. S. Tejada highlighted that the Swiss Embassy supports the processes of social inclusion and helps in creating better conditions for children development.

After the meeting, the ambassador visited the object where the project for construction of  new kindergarten in Shuto Orizari is being implemented, after it was destroyed because of the fire in 2017.

At the meeting, it was jointly concluded that there is a need of more intensive investment cycle in the Municipality of Shuto Orizari, continuous cooperation and two-way communication with the international community in order to open the perspectives for better local economic progress and promotion of kind of relations.