Денеска во рамки на Секторот за Локален Економски Развој на Општина Шуто Оризари, во просториите на СУГС ,, Шаип Јусуф”, Агенцијата за вработување на Р. Северна Македонија одржа презентација за искористување на актуелните мерки за вработување.
Според категоризацијата на работни места граѓаните можат да аплицираат за Поддршка за самовработување, Поддршка за креирање на нови работни места за работодавачи, Обуки за: занаети, дигитални вештини, воведни IT вештини, напредни IT вештини, Практична работа и Програма за работно ангажирање.
Програмата за работно ангажирање вклучува општо-корисна работа за обезбедување на социјални услуги на локално ниво и Јавни работи за инфраструктурни проекти и заштита на животна средина.
Во моментов од актуелните мерки за вработување се отворени мерките за обука и практична работа.
Присутните граѓани посочиле на потребата од интензивирање на комуникацијата меѓу Агенцијата за вработување и граѓаните, изнаоѓање на начини за поефективна промоција на мерките за вработување со цел доближување на истите, навремено аплицирање и искористување.
Локалната самоуправа ќе нуди поддршка преку координирање и учество во информирање на граѓаните со цел навремено аплицирање, искористување на мерките и подобрување на економскиот статус.
Today within the Sector of Local Economic Development in the Municipality of Shuto Orizari the Employment Agency of the Republic of North Macedonia held a presentation on the current employment measures.
According to the job categorization the Employment Agency offers citizens Support for self-employment, Support for creating new jobs for employers, Trainings for digital skills, for basic IT skills, advanced IT skills, practical work and work engagement program.
The work engagement program consists of a general-helpful work for the provision of social services on local level and public works for infrastructure projects and environmental protection.
At the moment, the current measures for employment that are opened are training and practical work.
Roma from Suto Orizari emphasized there is a need to improve the communication between the Employment Agency and the citizens.
Also they need to find ways to promote these measures in order to bring them closer to the people.
The local self-government will offer support through coordination and participation in more intensive and more effective information to improve the economic status.