Учениците од О.У. ,,Браќа Рамиз и Хамид ” на посета во општина Шуто Оризари

Градоначалникот Курто Дудуш ги пречека учениците од О.У. ,,Браќа Рамиз и Хамид” и разговараше со нив за надлежностите на градоначалникот и локалната самоуправа.

Децата се запознаа со структурата на општината, нејзините сектори и проекти.

Тие имаа можност да се запознаат со општинските органи, општинската администрација  и функционирањето локалната самоуправа.

Учениците имаа дискусија за потребата од подобрување на животната средина, изградба на паркови и унапредување на условите за детски развој.

Локалната самоуправа испрати апел за организирање на почести еколошки акции од страна на училиштата со цел подигнување на еколошката свест и развивање на еколошка култура за одржување на животната средина.

 

Mayor Kurto Dudush welcomed the children from the elementary school ,, Brakja Ramiz i Hamid”.

They have met with the sectors of the municipality, the role of the local self-government and the competences of the mayor.

Also, they met with the structure of the municipality, its departments and projects.

They had the opportunity to speak with the municipal authorities, the municipal administration and the way of functioning of the local self-government.

The students have discussed of the needs to improve the environment, the parks and the conditions for children’s development.

The local government sent an appeal to organise more frequent ecological actions in order to raise up the environmental awareness and enviromental culture to maintain the environment where they live.