Трета ЕКОЛОШКА АКЦИЈА во организација на општина Шуто Оризари

Администрацијата на општина Шуто Оризари денеска ја спроведе третата по ред ЕКОЛОШКА АКЦИЈА во организација на локалната самоуправа.

Целта на спроведената еколошка акција е обезбедување на почиста животна средина во општина Шуто Оризари преку преземање на граѓанска одговорност за расчистување на сметот, решавање на проблемот со аеро-загадувањето и подигнување на свеста и еколошката култура кај населението за одржување на околината во која што живеат.

Во еколошката акција учествуваше и Градоначалникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш кој неколку пати упати јавен апел преку еко-иницијативи за воздржување од фрлање на отпад на јавни места и правилно депонирање на сметот.

Поканата за учество на третата по ред еко-акција, беше отворена за сите граѓани на територија на општина Шуто Оризари кои се залагаат за интересот да создадат одржлива околина.

За време на оваа акција, беше исчистен делот кај игралиштето и новата спортска сала во Шуто Оризари.

Аерозагадувањето е најголемиот причинител на предвремена смртност и зголемен број на респираторни заболувања како астма, канцер и белодробни инфекции.

Според податоците на Европската еколошка агенција (ЕЕА) и СЗО аеро-загадувањето е причинител на околу 400,000 прерано изгубени животи.

 

The administration of the municipality of Suto Orizari today has implemented the third consecutive ecological action as the initiative of the local self-government.

The goal of the implemented environmental action is to provide cleaner municipality by taking a personal responsibility, solving the actual problem with the air pollution and also raising up the awareness among the population to maintain the environment in which they live.

Also, in the ecological action has participated the Mayor of the Suto Orizari municipality Mr. Kurto Dudush, who repeatedly is sending a public appeal to keep the municipality as clean as we can.

The invitation to participate in the third eco-action was open not just to the self-government employees but also to all citizens who are interested in creating a sustainable and clean environment.

The ecological action took place near the Suto Orizari playground and new Sport Hall.

The air pollution is the main cause for premature mortality and for increased number of respiratory diseases such as: asthma, cancer and pulmonary infections.

According to data from the European Environmental Agency (EEA) and WHO, air pollution is the cause of about 400,000 prematurely lost lives.