Се одржа 11-та Седница на Советот за развој на Скопски плански регион во просториите на Стопанската Комора на Р. Северна Македонија

Во просториите на Стопанската Комора на Р. Северна Македонија се одржа единаесеттата Седница на Советот за развој на Скопски плански регион.

На средбата покрај градоначалниците од Советот за развој на Скопски плански регион, присуствуваа Заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и кооординација на економските ресори Д-р Кочо Анѓушев, Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, Заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, Директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи како и преставници од Швајцарска Амбасада и Швајцарска Агенција за развој и соработка.
На средбата се отвори дискусија за идентификувани потреби и предизвици со кои се соочува Скопскиот регион.

Дискусијата ја отвори Претседателот на Советот на Скопски плански регион Борис Георгиевски. Предлог иницијативи во насока на конструктивна дискусија изнесе и Директорот на Центарот за развој на Скопски плански регион Љупчо Кец Мицковски. Бидејќи градењето на институционалните капацитети е комплексен процес и подразбира заедничка соработка во процесот на рамномерен и регионален развој , на Седницата отворено дискутираа сите поканети чинители и пренесоа свој став во насока на искористување на потенцијалите за развој на Скопскиот регион и предложените предлог иницијативи.

Дополнително, на седницата беа изгласани и трите предлог проекти, кои произлегоа од форумските сесии, во рамките на проектот “ Одржлив инклузивен рамномерен регионален развој” чие финансирање е обезбедено од Швајцарската Агенција за развој и соработка.

На средбата се дискутираше и за тековни активности за делокругот на работа на Центарот за развој на Скопски плански регион.

 

Извор: Центар за развој на Скопски Плански Регион

 

The eleventh session of the Council for development of the Skopje region was held in the premises of the Economic Chamber of Macedonia.

At the meeting, besides the Mayors of the Council for Development of Skopje Region, the Deputy Prime Minister of the Government of the Republic of North Macedonia participated in charge of economic issues and coordination of the economic departments Dr. Kocho Angjushev, the Minister of Local Self-Government Suheil Fazliu, the Deputy Minister of Local Self-Government Dejan Pavleski, Director of the Regional Development Bureau Ramiz Rexhepi as well as representatives from the Swiss Embassy and the Swiss Agency for Development and Cooperation.
The meeting opened a discussion on the identified needs and challenges that the Skopje region faces.

The discussion was opened by the President of the Council of the Skopje Planning Region Boris Georgievski. The Director of the Center for Development of the Skopje Planning Region, Ljupco Kec Mickovski, presented draft initiatives for constructive discussion. As building institutional capacities is a complex process and involves joint cooperation in the process of balanced and regional development, all invited actors have openly discussed at the session and have taken their position in the direction of utilizing the potentials for development of the Skopje region and the proposed draft initiatives.

Additionally, at the session, the three project proposals, which emerged from the forum sessions, were voted in the framework of the project “Sustainable Inclusive Balanced Regional Development”, whose funding was provided by the Swiss Agency for Development and Cooperation.

The meeting also discussed ongoing activities for the scope of work of the Center for Development of the Skopje Planning Region.