Градоначалникот Курто Дудуш на финална конференција за презентација на извештајот : „Излегување од кругот на исклученост на Ромите во Западен Балкан”

Градоначаникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш денеска присуствуваше на настанот за презентација на извештајот ,,Излегување од кругот на исклученост на Ромите во Западен Балкан”.

На настанот воведно обраќање имаа Марко Мантованели, директор на канцеларијата на Светска банка и Музафер Бајрам, министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите.

Извештајот беше претставен од страна на Моника Робајо –Абрил, економист, и Наталија Милан, економист при Светска банка.

Дискутанти беа Јамеле Риголини, лидер на програмата за човечки развој за Западен Балкан при Светска банка, д-р Симонида Кацарска, директор на европскиот институт за јавни политики, д-р Сузана Пецаковска, виш програмски координатор, Фондација отворено општество -Македонија и Сузана Ахмети Јањиќ, Социјална вклученост, Програма за развој на Обединетите нации (УНДП).

Според извештајот ,, Излегување од кругот на исклученост на Ромите во Западен Балкан ”:

,, Ромите се најголемото етничко малцинство во Европа како и една од најнеoправдените и социјално исклучените групи. Тие обично имаат само ограничен пристап до основни услуги и до економски можности. Сепак, инклузијата на Ромите не е само морален императив; демографското стареење во Европа значи дека тоа е и економски умно. Поради недостигот на квалитетни податоци, истражувањата за инклузијата на Ромите, за да се обезбедат информации за политики базирани на докази, се оскудни и потребни се точни податоци за програмите што се спроведуваат во Западен Балкан. Овој извештај има за цел да го пополни овој недостаток на знаења и да обезбеди информации за креирање на политики со тоа што ќе користи податоци од Регионалната анкета на Ромите (РАР) спроведена во 2011 и во 2017 година, најсеопфатната анкета досега за животните услови и за исходите на човековиот развој меѓу маргинализираните ромски домаќинства во Западен Балкан како и на другите домаќинства во непосредна близина на ромските. Резултатите покажуваат дека маргинализираните Роми во Западен Балкан ги немаат погодностите и средствата што им требаат ниту пак способноста ефикасно и интензивно да ги користат средствата што ги имаат за да генерираат економски добивки и да се качуваат по социоекономската скала”.

Петте приоритетни области кои треба да се опфатат се : Образование, Пазар на трудот, Здравје, Домување и пристап до основни услуги и Документација.

 

 

 

The mayor of the Municipality of Suto Orizari, Kurto Dudush, today attended the final conference for the presentation of the report “Breaking the Cycle of Roma Exclusion in the Western Balkans”.

The event has started with introduction of Marco Mantovanelli, World Bank Country Director, Musafar Bajram, Minister without Portfolio in charge of the implementation of the Strategy for the Improvement of the Status of Roma, addressed the event. The report was presented by Monica Robayo-Abril, an economist, and Natalia Milan, an economist at the World Bank.

The participants were Jemele Rigolini, leader of the human development program for the Western Balkans at the World Bank, Dr. Simonita Kacarska, Director of the European Institute for Public Policy, Dr. Suzana Pecakovska, Senior Program Coordinator, Foundation Open Society -Macedonia and Susana Ahmeti Janjic, Social Inclusion, United Nations Development Program (UNDP).

According to the report ,,Breaking the Cycle of Roma Exclusion in the Western Balkans”:

“Roma inclusion is not only a moral imperative. Demographic aging in Europe means that it is also smart economics. Because of the lack of high-quality data, research on Roma inclusion to inform evidence-based policies is scarce, and accurate data on programs implemented in the Western Balkans are needed. This report aims to fill this knowledge gap and inform policy making by relying on data from the 2011 and 2017 rounds of the Regional Roma Survey (RRS), the most comprehensive survey to date on living conditions and human development outcomes among marginalized Roma households in the Western Balkans, as well as non-Roma households in the vicinity of Roma. The results show that marginalized Roma in the Western Balkans do not have the endowments and assets they need nor the ability to use the assets they have efficiently and intensively to generate economic gains and climb the socioeconomic ladder ”

The five priority areas that are addressed are: Education, Labor Market, Health, Housing and access to basic services and Documentation.