Странски студенти ќе учат ромска музика во Шуто Оризари

Професорката по гитара од Израел Хамутал Зимра, оствари средба во општина Шуто Оризари за воспоставување на соработка со цел учење на традиционална ромска музика ова лето во Шуто Оризари.

Вкупно 20-40 ученици се заинтересирани да дојдат во Шуто Оризари за да ги научат спецификите и автентичноста во изведувањето на ромската музика вклучувајќи: ритам, мелодија и сл.

Оваа група на ученици ќе бидат обучувани од страна на музичари Роми во две групи : пеење и свирење.

Планирано е групата да пристигне во текот на месец август, а од локалната самоуправа беше побарано поддршка во однос на обезбедување простор за одржување на часови, сместување и вмрежување со музичари кои ја познаваат ромската музика.

Оваа иницијатива во соработка со Општина Шуто Оризари ќе овозможи поширока промоција на ромската музичка уметност.

 

 

The professor Hamutal Zimra from Israel has met in the representatives from the Municipality of Shuto Orizari to start a cooperation for learning traditional Romani music this summer in Suto Orizari.

Around 20-40 students are interested to come in the larges Roma community Shuto Orizari to learn the specificity and the authenticity of Roma music including: rhythm, melody, etc.

This group of students will be trained by Roma musicians in two groups: singing and playing music instruments.
The group is scheduled to arrive in August, and the local government was asked for support in providing space for hours, accommodation and networking with musicians who know Romani music.

This initiative in cooperation with the Municipality of Shuto Orizari will enable wider promotion of Roma music art.